02 277 5555 info@mogo.mk

Понеделник - Сабота 9:00-19:00

Service centers

Често поставувани прашања

Парична позајмица

Повеќе информации

  • Што е кредит со залог на возило?

    Ако ви се потребни дополнителни средства и банките одбиваат да ви дадат заем или Ви бараат премногу документи и време за да го разгледаат Вашето барање - MOGO е вистинскиот партнер за вас.
    Без трансфер на плата или жирант - вашиот автомобил гарантира до 615.000 денари.
    Можете да добиете средства во рок од еден работен ден и да продолжите да го возите Вашиот автомобил како што сте го направиле досега. Ние ќе направиме бесплатна проценка на Вашиот автомобилот и ќе Ви понудиме максимален износ што може да го добиете.

  • Како да аплицирате за кредит со залог на возило?

    За кредит со залог на возило можете да аплицирате на неколку начини:

    преку WEB страницата, со пополнување барање за кредитна www.mogo.mk;
    преку телефон со јавување на бројот 02 277 5555;
    на лице место, со посета на некоја од филијалите на Мого.
    Вашето барање за повратен лизинг ќе биде разгледано во рок од 30 минути. Во случај на одобрување, ќе потпишеме договор за кредит а Вие ќе продолжите да го употребувате автомобилот како и до сега.

  • Кој износ можам да го добијам?

    Во зависност од марката на автомобилот, модел и година на производство, Мого нуди до 85% од вредноста на истиот. Се разбира, можете да аплицирате за помал износ, прилагоден на вашите тековни потреби.

  • Како се врши отплата на Кредит со залог на возило?

    Треба да плаќате месечни рати за кредит според распоредот за отплата приложен кон Вашиот договор. За ваша погодност, ќе добиете потсетник СМС за секоја претстојна рата.

  • Дали постои можност за предвремена отплата?

    Да, се разбира! Надоместокот за предвремена отплата на договорот изнесува 0,5% од предплатениот износ, со преостанат рок на отплата помал од 12 месеци и 1% од предвремениот отплатен износ, со преостанат рок на отплата над 12 месеци.

  • Каква е постапката за аплицирање при кредит со залог на возило?

    Аплицирањето за кредит со залог на возило се врши на еден од начините којшто ќе го изберете (преку веб страницата, преку телефон, или на лице место). Ние го разгледуваме вашето барање за парична позајмица во рок од 30 минути и правиме проценка на Вашиот автомобил. Во случај на одобрување Ве покануваме да потпишете договор за кредит во најблиската експозитура на Мого. Средствата ги добивате истиот ден.

  • Дали треба да се плати за проценка на автомобил?

    Проценката на автомобилот е целосно бесплатна.

  • Кои документи се потребни при аплицирање за парична позајмица?

    При аплицирање за парична позајмица се внесуваат името, презимето и детали за возилото. Кога влегувате во полето за кредит, потребно е прикачување на Вашата лична карта и документи за возилото.

  • Дали МОГО бара документ за приход?

    Информациите за вашиот приход ќе бидат добиени по електронски пат од базата на податоци на МКБ, предмет на Вашата експлицитна согласност. По исклучок, можеме да побараме од Вас да дадете изјава за вашата банкарска сметка или друг документ со кој се докажува приходот.

Прашања за автомобилот

  • Како се проценува автомобилот?

    При евалуација на автомобилотт користиме модерен, меѓународен евалуациски модел кој има база на податоци за повеќе од 1,5 милиони возила ширум Европа. При евалуација на одредени автомобили, пазарната вредност ја одредуваат оценувачите.

  • Дали автомобилот треба да се регистрира на мое име?

    Да, во случај на кредит со залог на возило, возилото треба да биде регистрирано на Ваше име.

  • Може ли да продолжам да го користам возилото по потпишувањето на Договорот за парична позајмица?

    Да, можете да го користите автомобилот исто како порано.

Ограничувања

  • Дали постојат ограничувања за добивање на кредит со залог на возило?

    За да можете да аплицирање за кредит со залог на возило, треба да поседувате автомобил регистриран на Ваше име. Ве молиме бидете сигурни дека сите даноци поврзани со возилото се платени. За да добиете одобрување, Вашата кредитна способност ќе биде оценета. За таа цел, треба да ни дадете целосни и точни информации.

  • Може ли да поднесам барање за кредит со залог на возило преку возило предмет на друг залог?

    Не постои можност за кредит со залог на возило преку возило кое е предмет на тековен закуп за друга компанија.

  • На која возраст можам да аплицирам за кредит со залог на возило?

    Можете да аплицирате за кредит, ако имате повеќе од 21 година.

Корисни информации

  • Што се случува при несреќа или кражба на возила?

    За да бидеме целосно заштитени, во случај на таква ситуација, Ви препорачуваме да направите КАСКО осигурување за автомобилот. Во случај на несреќа или кражба веднаш да ги известите соодветните органи и Вашата осигурителна компанија.

  • Што се случува ако не можам да платам навреме?

    Ако се сомневате дека нема да можете да извршите навремена отплата на ратите предвидени во почетниот план за отплата, контактирајте ги нашите специјалисти за поддршка на корисници, за да Ви понудиме посоодветен план за отплата прилагоден на Вашите потреби.