02 277 5555 info@mogo.mk

Понеделник - Сабота 9:00-19:00

Service centers

Согласности достапни овде

Согласност за собирање, чување и обработка на лични податоци, директен маркетинг и проверка на кредитна способност

Финансиско Друштво МОГО КРЕДИТИ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Антон Попов бр. 1/2 мезанин - лок 3, Скопје (во понатамошниот текст "ние" или "Друштвото"), е друштво кое е основано согласно законите на Република Северна Македонија, врз основа на претходна согласност - Решение бр.13-450/3 од 18.03.2019 година на Министерството за финансии на Република Северна Македонија.


Со цел да ги обезбедиме бараните услуги, заради идентификација, проверка на кредитната способност, обработка на апликацијата за кредит, извршување и администрирање на договорот/ите коишто ги имате склучено со Друштвото, како и со цел да ги исполни своите законски обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на потрошувачите при потрошувачки кредити и Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, потребно е да ги собереме и обработуваме Вашите лични податоци и тоа:

- име и презиме,

- адреса на живеалиште/престојувалиште,

- единствен матичен број,

- телефон,

- електронска пошта,

- број на трансакциска сметка,

- единствен здравствен број,

- податоци за вработување,

- износ на месечни примања.

Наведените лични податоци се потребни за целите на склучување и реализирање на договорот за кредит кој Вие како наш клиент ќе го склучите со нашето Друштво.

Не сте обврзани да ја дадете согласноста, имате потполно право на избор и истото е целосно доброволно. Меѓутоа, за жал, нема да бидеме во можност да ја обезбедиме бараната услуга и да го склучиме договорот за кредит, доколку не ни ја дадете Вашата изречна согласност.

Можете да побарате Друштвото да ја запре обработката на Вашите лични податоци во било кое време, овластени сте да побарате измена, дополнување и бришење и имате неограничен пристап до Вашите лични податоци кои се обработуваат.

Доколку сакате Друштвото да ја запре обработката на Вашите лични податоци или побарате бришење на истите, Ве молиме известете не на телефон (02) 2775555, со испраќање на е-маил на info@mogo.mk или лично во било која од филијалите на Друштвото. Во таков случај, ќе го разгледаме Вашето барање и ќе запреме со обработката на Личните податоци односно ќе извршиме бришење до законски дозволениот минимум.

Имајќи го во предвид горенаведеното, со потпишување на оваа Согласност, изрично се согласувам дека Друштвото:

- Има право да ги собира, чува, обработува и пренесува моите лични податоци наведени погоре, коишто ги доставувам во писмена, усна или електронска форма непосредно на Друштвото или на било кое друго лице коешто по налог на Друштвото посредува во процесот на аплицирање, обработка на апликацијата и склучувањето и потпишувањето на Договорот за кредит,

- Како и сите мои лични податоци кои Друштвото ги има добиено или може во секое време да ги добие од Македонското кредитно биро и од сите други релевантни регистри и институции во Република Македонија заради: а) моја идентификација, б) проверка на мојата кредитна способност, в) обработка на апликацијата за кредит, г) извршување и администрирање на договорот/ите коишто ги имам склучено со Друштвото и д) за други цели коишто се дозволени според важечките закони на Република Македонија (цели за обработка на моите лични податоци);

- Изјавувам дека личните податоци кои ги имам доставено на Друштвото, ги давам доброволно и неприсилено, како и дека истите се во целост точни и можат да бидат употребени при склучување на договор за кредит, како и дека сум запознаен/а со кривичната одговорност која ја сносам во случај на давање на лажни податоци, во случај ако се покаже дека оваа изјава е неточна и/или нецелосна;

- Во согласност со Законот за заштита на личните податоци и до законски дозволен обем, да ги пренесува, дава на користење и обработка сите мои лични податоци, вклучувајќи го и мојот единствен матичен број (ЕМБГ) на корисници/обработувачи во Р. Македонија и други држави, со кои Друштвото има склучен договор, вклучително и сите поврзани лица со Друштвото, агенциите за наплата на долгови, кредитни бироа, адвокатски друштва и канцеларии, вработените во Друштвото, правните наследници на друштвото, договорни и присилни стекнувачи на правата и обврските од договорот/те за кредит и за купопродажба на возило, државните органи и секое друго физичко или правно лице, каде што е потребно, заради извршување на процесот на аплицирање и одобрување на кредит, извршување и администрирање на договорот/те за кредит и наплата на долг по основ на истите.

- Има право да ги користи моите лични податоци за цели на директен маркетинг, при што сум согласен да добивам комерцијални информации за производите кои ги нуди Друштвото, преку електронски средства за комуникација, вклучително, но неограничувајќи се на e-mail пораки и SMS пораки, при што изјавувам дека сум целосно запознаен со можноста да ја повлечам согласноста за користење на моите лични податоци за целите на директен маректинг;

- Има право да врши проверка на веродостојноста и трансакциската сметка која ја доставувам во КИБС;

- Да ја проверува мојата кредитна способност и да бара и собира мои лични податоци од сите релевантни јавни или приватни регистри и бази на податоци во Република Македонија, а особено да ја проверува мојата кредитна способност во Македонското кредитно биро и да ги добива сите достапни податоци и извештаи за мојата кредитна способност од Македонското кредитно Биро, како и да ги доставува моите лични и кредитни податоци до Македонското кредитно биро и сите други надлежни институции и органи во Р. Македонија; Запознаен/а сум со правата и обврските на Друштвото и Македонско Кредитно Биро согласно Законот за кредитно биро а во врска со доставата, приемот, користење и чување на моите лични податоци;

- Запознаен/а сум дека Друштвото има право да ги чува и обработува моите лични податоци во рок предвиден согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и останатите релевантни важечки закони во Р.Северна Македонија;

- Изјавувам дека сум целосно запознаен/а информиран/а за обработката на податоците во согласност со Законот за заштита на личните податоци, вклучувајќи ги меѓу другото: целите на обработката; корисниците или категориите на корисници на лични податоци; задолжителноста да се даде одговор на прашања; можните последици од недавањето на одговорите и правото на пристап, исправки на личните податоци и повлекување на согласноста за обработка на истите со поднесување на писмено барање до Друштвото;

- Запознаен/а сум и ги прифаќам Општите услови на Друштвото, Правилата за приватност и Колачиња.

Надоместоци и провизии:

Износ на финансирање 35.000 ден. - 615.000 ден.

Рок на отплата 6 месеци - 84 месеци 

Месечен надомест за кредит - 3.49%

Провизија за одобрување - 0% ПРОМОТИВНО

Надоместок за анекс во договорот (термин за промена, промена на главница (зголемување / намалување), каматна стапка, промена датум на плаќање) - 3% (мин. 3.075 МКД)

Дневна провизија за задоцнета уплата - 2% (мин. 60 МКД)

Провизија за предвремена отплата (од преостанатата главница) 

0.5% договор до 12 месеци
1% договор повеќе од 12 месеци

Надоместок за порамнување во отплата (од преостанатата главница)

14.5% договор до 12 месеци
14% договор повеќе од 12 месеци

Писмо за опомена на клиенти во задоцнување - 615 МКД

Провизија за раскинување на договор - 30% од преостанатата главнина

Надомест за приоритетно разгледување на барање за кредит:

3,075 МКД за износ на кредит до 246,000 МКД

6,150 MKD за износ на кредит над 246,000 МКД