Политика за доверливост

Заштита на личните податоци 

Друштво за лизинг МОГО дооел Скопје, впишано вo Регистарот на трговски друштва, со ЕМБС 7273614, со седиште во Скопје, ул. Мирче Ацев бр. 2/3, е администратор на лични податоци, впишан во регистарот на администратори на лични податоци

Доставувањето лични податоци до МОГО дооел Скопје е доброволно. Корисниците на mogo.mk („Интернет страницата“) доброволно ги доставуваат своите податоци заради користење на услугите кои што ги нуди Мого Македонија, без оглед на тоа дали во продолжение ќе поднесат барање за услуга или не. Штом Мого Македонија е должно да исполнува соодветни нормативни барања поради кои е должно да прибира лични податоци, необезбедувањето на таквите податоци спречува настанување на соодветен правен однос на тоа лице со Мого Македонија. 

Мого Македонија ги прибира и ги обработува следните лични податоци информации, доброволно доставени од корисниците: 

Лични податоци, дадени при пополнување на апликација за склучување договор за лизинг или обратен лизинг – корисникот доброволно ги доставува личните податоцие наведени во апикацијата. Неопходна претходна постапка пред поднесување на барањето е корисникот да даде изречна согласност, во вид на Изјава за согласност за обработка на личните податоци за обработка на податоците пополнети во барањето. Изјавата е неразделен дел од барањето. Со пополнување на апликацијата, корисникот е согласен МОГО дооел Скопје да ги обработи пополнетите лични податоци за наведените цели и по редослед посочен во апликацијата и Изјавата за согласност, како и за целите согласно точка 2 од таа политика (Регистрација на корисниците); 

Пораките и кореспонденцијата помеѓу корисниците и МОГО дооел Скопје воспоставени преку WEB страницата и нејзините можности за размена на кореспонденцијата, се чуваат заради администрирање на WEB страницата, како и за целите на доставување информации на корисниците. 

Личните податоци на корисниците според точка 1.3. може да бидат доставени до трети лица – друштва членови на групацијата на МОГО дооел Скопје или пак до добавувачи на услугите за МОГО дооел Скопје заради остварување на целите од точка. 1.3. погоре, за којашто се собрани податоците, како и заради оптимизирање и поддршка на WEB страницата, администрирање на пристапот до неа или пак за статистички цели. Податоците се доставуваат до трети лица со исполнување на сите барања во согласност со Законот за заштита на личните податоци. 

Секое физичко лице има право на пристап до податоците коишто се однесуваат на него, а коишто ги обработува Мого Македонија, како и да бара нивна поправка или бришење. Тие права може да се користат во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци, откако лицето ќе  писмено поднесе барање до руштвото за лизинг МОГО дооел Скопје на следната адреса: Бул. Видое Смилевски Бато бр.8 во Скопје. 

Регистрација на корисниците 

Користењето на WEB страницата е бесплатно. 

Со поднесување на барањето за склучување договор за лизинг со МОГО дооел Скопје преку соодветниот формулар на WEB страницата, автоматски се создава регистрација (профил) на корисникот. Со поднесување на апликацијата за лизинг корисникот е согласен преку WEB страницата да се создаде негов профил на корисник. 

При регистрацијата, корисникот може да прими е-пошта во врска со извршената регистрација, технички информации и други податоци поврзани со работата на WEB страницата, како и е-пошта заради давање одговори на поставени прашања или пак заради доставување информации за поддршка на Договорот за лизинг. Со корисникот може да се контактира по телефон ако е потребно да достави важна информација за регистрацијата, заради одржување на WEB страницата или пак поради друга информација којашто директно го засега. Профилот на корисникот се користи заради олеснување на понатамошниот пристап на корисникот до услугите коишто ги нуди МОГО дооел Скопје. Корисникот има право во кое било време да одбие да прима информации од МОГО дооел Скопје, како и да побара бришење на неговиот профил на корисник, за што е потребно да достави писмено барање на следната адреса: Бул. Видое Смилевски Бато бр.8 во Скопје. 

Политика на употреба на „Колачиња“ (Cookies) 

Текстуалните датотеки попознати като Колачиња (Cookies), се зачувуваат во компјутерот на корисникот во моментот на пристапувањето до mogo.mk („WEB страницата“) и служат за прибирање на информации за корисникот. Колачињата овозможуваат оптимизација и подобрување на содржините на WEB страницата во согласност со желбите на корисникот. 

Колачињата содржат анонимна информација, т.е. тие не содржат информација којашто би дозволила идентификација на корисникот и не се користат ниту за обработка на неговите лични податоци ниту пак за следње на неговата локација. 

WEB страницата користи колачиња коишто извршуваат 4 различни функции: 

Важни колачиња - ова се колачиња коишто се од огромно значење за функционирањето на WEB страницата. 

Колачиња поврзани со ефикасноста на WEB страницата – преку нив МОГО дооел Скопје анализира како посетителите ја користат WEB страницата и го набљудува нејзиното претставување. Тоа му овозможува на МОГО дооел Скопје на корисниците да им понуди висок квалитет, да ги персонализира понудените содржини и брзо да пронаоѓа и отстранува различни проблеми. 

Колачиња за функционалност - тие овозможуваат зачувување на претпочитаните поставки на корисникот како што е големината на фонтот и други лични поставки. 

Статистички/колачиња за следење - се користат за следење на страниците коишто ги посетува корисникот на WEB страницата. Информациите коишто ги содржат тие колачиња се таложат и не содржат никакви лични податоци. Податоците се користат за статистика и анализа, за да му овозможат на Мого Македонија да понуди подобри услуги и производи и порелевантни информации во време додека корисникот ја посетува WEB страницата. WEB страницата за своите статистички цели го користи Google Analytics. Статистичките податоци споделени со Google не содржат никакви лични и/или други податоци коишто се однесуваат на лице. Таа информација е предмет на политиката за доверливост на Google. 

Во моментот кога корисникот ја посетува WEB страницата, автоматски се прибираат информациите за IP адресата, домеинот, прелистувачот и видот на оперативниот систем којшто го користи корисникот.  

Понатамошното користење на таа страница од страна на корисникот претставува согласност со политиката на употреба на колачиња опишана во точка 3. 

Корисникот може да ја прекине употребата на колачињата како и истите да ги блокира со активација на соодветните поставки во прелистувачот којшто го користи. Сепак, блокирањето на сите колачиња може да ги отежни функционирањето на WEB страницата и пристапот до некои негови делови. 

Комуникација со корисниците 

Комуникацијата помеѓу компјутерот на корисникот и WEB страницата за време на доставувањето лични податоци е енкриптирана со SSL (Secure Socket Layer) протокол. Понатаму, нашата база на податоци е заштитена од пристап на трети страни. 

Со задоволство ќе Ви помогнеме

Помош » Филијали »
Работно време: Понеделник - Петок, од 09:00 до 17:00 часот