Обратен лизинг (Leaseback)

Ако ви претстојат непредвидени трошоци, можете да ја користите услугата Обратен лизинг (Leaseback) на автомобил и да обезбедите долгорочно финансирање.

Ако ви претстојат непредвидени трошоци. ние ви стоиме на располагање. За да дознаете повеќе за тоа како да добиете финансирање на износ до 615.000,00 денари на брз и квалитетен начин, Ве молиме подетално да се запознаете со нашиот процес на аплицирање и одобрување.

За да аплицирате за обратен лизинг (Leaseback) треба да ги исполнувате следниве услови:

Да имате наполнето 21 година
Да поседувате сопствен автомобил
macedonia_flag_icon
Да сте државјанин на Македонија
Да имате важечка лична карта
Да поседувате трансакциска сметка во некоја од банките

Ако ги исполнувате сите наведени услови, може да аплицирате за обратен лизинг (Leaseback) од MOGO. Не можеме да гарантираме дека ќе добиете одобрување само врз основа на барањето. Ние ја проценуваме Вашата финансиска стабилност, па затоа ги оценуваме и другите фактори, како на пример Вашите месечни приходи, отплатите на кредити и др.

Потребен износ на финансирање

Проценка на автомобилот

Со помош на формуларот за проценка на автомобилот ќе можете да ја дознаете пазарната вредност на вашето возило. MOGO финансира до 80% од вредноста на автомобилот. За да дознаете повеќе за тоа како ги проценуваме автомобилите, погледнете во одделот „Често поставувани прашања“.

Калкулатор

Со калкулаторите за лизинг и обратен лизинг можете да одберете месечна рата усогласена со рок на отплата до 84 месеци и финансиран износ од 615.000,00 денари.

Едноставен формулар за аплицирање

Се погриживме формуларот за аплицирање да се пополнува лесно и да Ви одземе само неколку минути. Разделен е на неколку чекори коишто можат да се пополнат последователно. Голем дел од информациите е претставен со паѓачки менија коишто се лесни за пополнување.

Профил на корисник

За олеснување на процесот на аплицирање, автоматски создаваме ваш профил на корисник којшто содржи име и е-маил адреса. Профилот дозволува управување со сите поднесени барања за лизинг и за додавање дополнителни информации по  потреба.

Како да го дознаам резултатот?

Неколку минути по поднесување на барањето за лизинг ќе добиете предлог амортизационен план со висина на месечна рата врз основа на цена на автомобилот, учество и рок на отплата кошто сте ги внеле.

По првичниот одговор, во случај на потреба, можеби ќе побараме да ги додадете следниве дополнителни информации во вашиот профил на корисник:

  • извод од трансакциска сметка со 4 последни плати;
  • податоци за продавачот на автомобилот.

По добивање на одобрувањето, имате рок од 2 дена да го потпишете договорот. По истекот на овој период ќе треба повторно да аплицирате.

Потпишување на Договорот

Ако Вашето барање биде одобрено, ќе подготвиме договор кој ќе треба да го потпишете во некоја од експозитурите на MOGO. 

Отплата

За да Ви олесниме, при издавање фактура за секоја рата, ќе добиете SMS порака и известување на Вашата e-mail адреса, како потсетник за претстојното плаќање.
Имате можност за предвремена отплата на вкупниот долг.
Нашите специјалисти за грижа за корисници ќе ви помогнат да го пронајдете најсоодветниот план за отплата којшто одговара на вашите потреби.
Ако за времетраење на договорот сакате да го промените вашиот план на отплата, ве молиме контактирајте со нашите специјалисти за грижа за корисници на тел.: 02277 5555 или на e-mail адресата: info@mogo.mk.
Доколку сметате дека не би можеле да го издржите плаќањето на ратите предвидени со првичниот амортизационен план, контактирајте со нашите специјалисти за грижа за корисници за тие да Ви предложат посодветен амортизационен план во согласност со Вашите потреби.

Целосна отплата и затворање

Кога ќе ги отплатите сите рати предвидени со договорот, автомобилот ќе биде префрлен на ваше име. Заедно со последната фактура ќе ви испратиме и куса анкета во врска со квалитетот на добиените лизинг услуги. Преку вашиот профил на корисник ќе имате можност повторно да аплицирате за лизинг на друг автомобил или за повратен лизинг на веќе отплатениот автомобил.

Со задоволство ќе Ви помогнеме

Помош » Филијали »
Работно време: Понеделник - Петок, од 09:00 до 17:00 часот