02 277 5555 info@mogo.mk

Понеделник - Сабота 9:00-19:00

Service centers

Услови

Согласност за собирање, чување и обработка на лични податоци и проверка на кредитна способност

При чиста свест и под полна кривична и материјална одговорност, изјавувам дека: • моите лични податоците кои ги имам доставено, ги давам доброволно, во целост се точни и истите можат да бидат употребени при склучување на договор за кредит; • сум запознаен/а со политиката за приватност на оваа WEB страница; • се согласувам, да се изврши проверка на мојата кредитна способност со превземање на податоци за мојата кредитна историја од Македонското Кредитно Биро АД Скопје. Изјавувам дека сум запознаен/а со кривичната постапка за измама, во случај ако оваа изјава се покаже дека е неточна и нецелосна. Запознаен/a сум дека: 1. Администратор на моите лични податоци е Финансиско Друштво МОГО Кредити ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште на ул. ул. Антон Попов бр. 1/2 мезанин - лок 3, Скопје, Македонија со ЕМБС 7342683. 2. МКБ смее да изготви и достави извештај на Корисникот на податоци само со моја претходна согласност. 3. Имам право да побарам увид во податоците од МКБ а кои се однесуваат на мене, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 4. МКБ не сноси никаква одговорност за податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоците кон мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене, на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 5. МКБ ги брише податоците за кредитите или сметките на мое име, 5 години по отплатата на обврската или затворање на сметката. 6. Имам право да ја повлечам оваа согласност со доставување на Барање во писмена форма. 7. Во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005,, изменет) имам право на корекција на содржината на моите лични податоци.