02 277 5555 info@mogo.mk

Понеделник - Сабота 9:00-19:00

Service centers

За Mogo

 

Мого Македонија е дел од групата Мого финансии. Компанијата нуди автомобилски кредит и кредит со залог на возило од сите марки и модели, без ограничување на староста на возилото, под јасни услови и долг рок на отплата.


Наша мисија е да понудиме поволни услови за автомобилски кредит на користени автомобили за клиенти кои што имаат потреба  од лесен и едноставен начин на финансирање


Наша визија е да бидеме водечка компанија на пазарот која нуди финансирање и автомобилски кредит за користени автомобили, високо ценета за својот однос кон клиентите и достапност на услугата

Ние ги цениме Вашето време и финансиската стабилност, па затоа сите наши услуги се базираат на најсовремените водечки технолошки решенија. Тоа ни дозволува брзо да ги нудиме нашите услуги, да сме отворени за комуникација и да се приспособуваме кон пазарните промени. 

Ги воведовме најсовремените модели за преглед и евалуација на клиентите. Тоа ни овозможува брзо да ја процениме кредитната способност на апликантите, да ја утврдиме пазарната вредност на автомобилите и да обезбедиме најсоодветни решенија за финансирање.

Ги разјаснуваме условите на договорите за кредит, процесот на евалуација и одобрување на клиентите и секогаш ги обезбедуваме потребните информации и помош за време на нашата соработка.

МОГО е сигурен партнер кој што ги нуди услугите на „автомобилски кредит ” и „поарична позајмица” на повеќе од 200.000 задоволни клиенти во Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Грузија, Ерменија, Албанија, Романија, Молдавија, Македонија,  Босна, Белорусија и Бугарија. Се надеваме дека ќе станете еден од нив!

Зошто Мого?

  • Ќе добиете одговор на Вашето барање во рок од најмногу 30 минути
  • Лесен и брз начин за склучување на договорот
  • Нема скриени надоместоци и провизии
  • Повеќе од 200.000 клиенти од 14 земји ни ја дадоа својата доверба

За кои производи на Mogo сте заинтересирани?

Авто Кредит

Доколку Ви е потребен брз автомобилски кредит, но од која било причина не сакате да работите со банките или истите одбиваат да Ви помогнат, МОГО е тука за Вас. Целосната документација се поднесува онлаjн и не е потребно да чекате со часови на банкарските шалтери. Можете да побарате до 1,000,000 денари со отплата до 84 рати. Понудата е достапна за купување половни возила на рати. Сè што треба да сторите е да го одберете вашиот омилен автомобил и да одберете сума и број на рати во нашиот онлајн калкулатор. Јавете се на нашиот телефон секој работен ден од 9 до 19 часот или сабота од 9 до 14 часот и добијте повеќе информации за условите за користење на кредитот. Слободно поминете во некоја од нашите канцеларии во Скопје или другите градови.

Кредит со залог

Добијте кредит до еден милион денари само со лична карта. Доколку се потребни какви било останати документи, ќе ги побараме дополнително. Ако Ви треба брза позајмица без да чекате одобрување со денови, ова е вистинскиот начин. Ние го разгледуваме вашето барање и Ви испраќаме одговор за најмногу 30 минути. Аплицирањето се прави целосно преку интернет. Доколку системот го прифати вашето барање, пристапуваме кон проценка на возилото кое го обезбедувате како залог. Добијте убедливо најбрз кредит што постои во земјата. Проценката и исплатата се вршат истиот ден, а автомобилот под залог продолжувате да го возите како и вообичаено. Доколку имате кола на ваше име, имате наполнето 21 година и имате валидна лична карта, можете да побарате кредит од МОГО и да го враќате до 84 месеци.